Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Како да го следите општото добро?

Со знаење за да го одбраните тоа што им припаѓа на сите преку 5 активности. Откријте го нашиот пат на поттикнување на младите лидери за мониторинг на заедниците и заштита на демократијата од корупција.

Активности

Embrace your right to know

Self-monitoring is the first necessary step to fight the risks of corruption. However, it is not enough. To counter misconduct, it is also important to take care of the common good.

One way to do so is civic monitoring, a form of participation and engagement that every citizen can put into action. 

To begin a journey into civic monitoring there are a lot of different actions that a young citizen can take, and the first one is understanding what their own desires and needs are (see call to refl-action 2), embracing their own right to know.

The right to know is a twofold concept: it is a right, which complements the basic set of human rights and duties that must be assured to everyone, but it is also a tool for transparency that makes it possible to obtain the public information we desire.

Indeed, if we want to safeguard the common good, we need to have a deep knowledge of what it is; if we need to know what the common good is and how it is managed, we need to get access to information about it. 

National and international laws recognise our right to know as an individual right with a collective importance and purpose, and they underline how important it is to prevent corruption and preserve our communities’ democratic vitality.

Collect the data

Monitoring is a challenge: it requires passion and a clear goal, but also know-how and skills.

That is why it is useful to have a method, which can be adapted according to the group, the topic, the context, and the time/energy at disposal. 

From reflection comes action. Retrieving data and information about collective needs and desires is what we call monitoring the common good. How you find the data you are interested in? Who are the stakeholders? How do you analyse and summarise the data obtained? How to do you disseminate the results?

An efficient monitoring action passes necessarily through a good dataset, possibly through a monitoring report, and sometimes through an access to information request: data, in fact, sometimes may not be public yet. You have the tools and the right to ask for them, requesting that the authorities make them available.

Let the data ask civic question(s)

Collecting and processing data for your monitoring action should not lead you to produce answers, but to formulate questions.

A journalist would say ‘Let the data speak’; we would rather say ‘Let the data ask civic questions’: starting from the data, you should be able to identify the main core of the problem, that is, elaborate a central question about it. We call this a ‘monitoring question’, i.e. a question of public interest to be addressed to public authorities (whether national decision-makers, politicians or local administrators) who have been entrusted by citizens with the power to manage the common good.

These kinds of ‘monitoring questions’ are useful for obtaining public information, focusing public attention on the identified problems, calling to act for a positive change, and founding a monitoring community. Discover how to do it!

Act with your monitoring community

You are what you think, but you are also what you do: so, once you have found your monitoring community, take action!

From now on, our monitoring path becomes interactive and multi-level. At this point, it turns into a joint venture of empowerment and activism that addresses two types of targets: the public decision-makers at the national or local level, to whom the monitoring question is addressed; but also all the people positively or negatively affected by the dynamics monitored. 

You can communicate with both these targets, with the right tools and through the proper channels.

When dealing with public authorities, always remember to address the right interlocutors, seriously and coherently, in realistic and collaborative terms based on the knowledge acquired so far. After this, monitor the answer (or the lack of it): even silence is a message in itself!

When it comes to reaching out to the citizenry, unleash your creativity! Here you enter the field of campaigning, where you can combine multiple online and offline tools to reach the attention of your audience and gain support for your cause. And maybe involve even more people in your group.

Advocate for better rules

A path of civic monitoring always aims at safeguarding the common good: and to do so it is necessary to detect what is “broken” and try to fix it. Together.

Up to this point, your community’s monitoring path can be considered exhaustive, though not necessarily concluded. Your group of young people has so far moved within the field of civic engagement; the next two steps, on the contrary, transition into the field of activism. These last two steps are optional, because moving forward implies going beyond the monitoring action.

Nevertheless, they present a great opportunity for  young people: starting from their own daily dimension, they can promote a concrete change that impacts everyone’s life. Young people can generate change in national politics, even more frequently than adults.

Препознајте го вашето право да знаете

Само-набљудувањето е првиот неопходен чекор за борба против ризиците од корупција, но сепак не е доволен. За да се спротивставиме на малверзациите, исто така е важно да се грижиме за општото добро.

Еден начин да се направи тоа е граѓански мониторинг, форма на учество и ангажман што секој граѓанин може да го стави во акција.

За да го започнете ова патување, постојат многу различни активности што еден млад граѓанин може да ги преземе, а првата е разбирање кои се вашите желби и потреби (види повик за рефлексија 2), прифаќајќи го сопственото право да знаете.

Правото да се знае е двоен концепт: тоа е право кое го надополнува основниот збир на човекови права и должности кои треба да бидат обезбедени за секого, но исто така е алатка за транспарентност што овозможува да се добијат информациите од јавен карактер што ги посакуваме.

Навистина, ако сакаме да го заштитиме општото добро, треба длабоко да го знаеме. Ако треба да знаеме што е општото добро и како се управува со него, треба да добиеме пристап до информации за истото.

Националните и меѓународните закони го признаваат нашето право да знаеме како индивидуално право со колективна важност и цел, и нагласуваат колку истото е важно за да се спречи корупцијата и за да се зачува демократската виталност на нашите заедници.

Соберете ги податоците

Следењето е предизвик: бара страст и јасна цел, но и знаење и вештини.

Затоа е корисно да се има метода, кој може да се прилагоди според групата, темата, контекстот и времето/енергијата која е на располагање.

Па сега, од размислувањето доаѓа акција. Собирањето на податоци и информации околу колективните потреби и желби е она што го нарекуваме следење на општото добро. Како да ги најдете податоците за кои сте заинтересирани? Кои се засегнатите страни? Како да се анализираат и сумираат добиените податоци? Како да се дистрибутират резултатите?

Ефикасната акција за следење нужно поминува низ добра база на податоци, можеби преку извештај за мониторинг, а понекогаш и преку барање за пристап до информации: податоците, всушност, понекогаш можеби сè уште не се јавни. Имате алатки и право да ги побарате, барајќи од институциите да ги стават на располагање.

Нека податоците ги формулираат прашањата

Собирањето и обработката на податоците за следење (мониторинг) не треба да ви дава одговори, туку да ви овозможи да формулирате прашања.

Еден новинар би рекол „Нека зборуваат податоците“; попрво би рекле „Податоците нека поставуваат граѓански прашања“: почнувајќи од податоците, треба да можете да ја идентификувате главната срж на проблемот, односно да артикулирате централно барање за него. Ова го нарекуваме „прашање за следење“, т.е. прашање од јавен интерес за кое треба да им се обратиме на јавните власти (без разлика дали се носителите на одлуки, политичарите или локалните администратори) на кои граѓаните им ја довериле моќта да управуваат со општото добро.

Ваквите „прашања за следење“ се корисни за добивање информации од јавен карактер, фокусирање на вниманието на јавноста на идентификуваните проблеми, повикување да се дејствува за позитивна промена и за основање заедница за следење. Откријте како да го направите тоа!

Дејствувајте со вашата заедница за следење

Вие сте она што го мислите, но исто така и она што го правите. Затоа, откако ќе ја пронајдете вашата заедница за следење, преземете акција!

Отсега натаму, нашата патека за следење станува интерактивна и на повеќе нивоа. Во овој момент, таа се претвора во заедничка форма на делување и активизам во однос со две целни групи: јавните носителите на одлуки на национално или локално ниво, на кои им е упатено прашањето за мониторинг; но и сите лица позитивно или негативно засегнати од следената динамика.

Можете да комуницирате со двете целни групи преку соодветни алатки и канали.

Секогаш кога работите со власта, не заборавајте да им се обратите на вистинските соговорници, сериозно и кохерентно, во реални и соработнички термини врз основа на досега стекнатото знаење. После ова, следете го одговорот (или недостатокот на одговор): дури и тишината е порака сама по себе!

Кога станува збор за како да допрете до граѓаните, ослободете ја вашата креативност! Овде влегувате во полето на кампања, каде што можете да комбинирате повеќе онлајн и офлајн алатки за да го привлечете вниманието на вашата публика и да стекнете поддршка за вашата кауза. А можеби ќе се вклучат уште повеќе луѓе во вашата група.

Лобирајте за подобри правила

Патот на граѓанскиот мониторинг секогаш има за цел да го заштити општото добро: но за да го стори тоа, неопходно е да се открие што е „скршено“ и како да се поправи. Заедно.

До овој момент, патеката за следење на вашата заедница може да кажеме дека е исцрпна, но не мора да биде завршена. Вашата група млади луѓе досега се движи во полето на граѓанскиот ангажман. Но следните два чекори, напротив, се транзиција во полето на активизмот.

Овие два последни чекори се изборни, бидејќи движењето напред подразбира многу повеќе од само акција за следење. Сепак, тие претставуваат одлична можност за младите луѓе: почнувајќи од нивната секојдневност да промовираат конкретна промена која ќе влијае на сечиј живот. Младите луѓе можат да генерираат промени во националната политика, дури и почесто од возрасните.