Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Дали сте свесни за вашите желби? Дали ги знаете вашите потреби? Дали можете да препознаете што е добро за вас?

Секој процес на следење на општото добро започнува од нас самите: со идентификување на нашите желби и потреби.

Во реалниот живот, може да биде тешко да бидеме свесни за сите наши желби и потреби. Сепак, од суштинско значење е да ги знаеме и препознаеме за да ги разбереме начините на кои корупцијата може да го попречи нашиот пат, или да се понуди како ризична кратенка на истиот.

За жал, постои широко распространет легитимитет за сомнителни практики и „кратенки“: тие делуваат како лесен пат за брза реализација на сопствените цели. Сепак, дури и ако оваа кратенка често изгледа како ефикасно решение за постигнување на личните цели, последиците негативно влијаат на другите. Општо земено, културата на прифаќање на корупцијата може толку сериозно да ги поткопа нашите животни проекти што ризикуваме да се откажеме од нашите соништа.

Како луѓе, имаме желба да се исполниме, но и да уживаме во околината, да добиваме добра здравствена нега, да имаме пристап до квалитетно образование итн. Корупцијата може да попречи да го добиеме тоа, пренасочувајќи ги јавните ресурси од колективна корист во рацете на неколкумина, што создава големи директни трошоци во нашиот секојдневен живот: можеме да го третираме дури како кршење на човековите права.

Културата на интегритет се обидува да ги отстрани пречките што ги создаваат корупцијата и неетичкото однесување, терајќи ги луѓето да ги отфрлаат кратенките и, притоа, да го сочуваат правото на секој да ги следи своите желби и потреби. Секој има право да ги оствари своите соништа и никој не заслужува да биде оставен позади.

Разбери

Поле за дефиниција

Терминот „желба“ на латински опфаќа два комплементарни, но различни аспекти: страста кон нешто, која турка кон активирање, да разбереме што е тоа „нешто“ и да се обидеме да го достигнеме; и чувството на недостаток, нешто што недостига, што треба да се надополни или промени.

Во првото значење, желба претставува „интерес кон нешто“, – како кога сакаме да ја достигнеме работата од нашите соништа.

Во второто значење, желба значи согледување на „лишувањето од нешто“, обично поврзано со директна потреба што сакаме да ја исполниме. На пример, можеби ќе сакаме да го промениме нашето соседство со добивање специфични простори или иницијативи за млади луѓе, доколку ги нема.

Во оваа рамка, корупцијата може да биде пречка за остварување на нашите желби (во однос на интересите), што претставува директна цена за нашите животи.. Во исто време, корупцијата е една од главните причини за незадоволување на нашите желби (во однос на потребите), што создава индиректен трошок со долгорочен ефект врз нашето животно искуство.

Прашања за рефлексија

Примери

Помислете на ситуација во која се случува излевање на загадувачи во близина на вашиот дом и истото ве загрижува.. Постапувајќи во ваш интерес и чувајќи ја животната средина во близина на вашиот дом, вие всушност дејствувате за поголемото јавно добро. На истиот начин, на пример, преку обезбедување градба на болница во согласност со критериумите за законитост и функционалност, не само што помагате да се заштити правото на општа здравствена заштита, туку и вашата лична способност да имате корист од ефикасна болница кога ви е потребна. Обидете се да се присетите на проблем што се појавил во вашата станбена зграда, улица или соседство. Како тоа влијае врз вашиот живот? И какво влијание би можел да има на градот воопшто?

Обидете се да го погледнете идентификуваниот проблем од гледна точка на принципи: кои права би биле зачувани со спречување или решавање на тој проблем? Дали е поврзан со вредност, функција или безбедносен аспект?

Обидете се да го погледнете идентификуваниот проблем од гледна точка на принципи : кои права би биле заштитени со спречување или решавање на тој проблем? Дали е поврзан со вредност, функција или безбедносен аспект?

Обидете се да го погледнете овој ист проблем од целосно лична перспектива. Какви потенцијални последици, дури и долгорочни, може да има овој проблем врз вашиот личен живот доколку не се реши? Дали постои ризик да ви наштети директно или индиректно (на пр. со ограничување на вашата можност да направите нешто)?

Делувај

Истражете и изберете од низа активности за работилници, користејќи го нашиот систем за филтри.

Повеќе

Колку чини корупцијата?

Корупцијата создава многу трошоци за нас и општеството „Директната“ цена на корупцијата е претставена со јавни пари или други бенефиции (платени од сите граѓани) кои влегуваат во приватните џебови на неколкумина, на пр. во вид на поткуп. Друг „директен“ трошок од корупцијата може да биде слабиот квалитет на јавните услуги и неговите последици, на пр. пат изграден со лош асфалт кој добива многу дупки, и сообраќајните несреќи предизвикани од овие дупки. Во исто време, корупцијата има и многу „индиректни“ трошоци,бидејќи се носат одлуки со кои се фаворизира тоа што е поисплатливо за корумпираните, а не јавната потреба или интерес. Оваа динамика ги влошува нееднаквостите со текот на времето, создава трошоци во смисла на нереализирани придобивки (на пример, училиштето на кое му треба реновирање, а не е реновирано), ги обесхрабрува инвестициите и ја намалува економијата. Ги валоризира претпријатијата врз основа на мито, а не врз основа на ефикасност, менувајќи ја пазарната конкуренција. На крајот ја поткопува меѓусебната довербата на луѓето, како и довербата во политиката и институциите.

Етимолошките корени на „желбата“

На латински „желбата“ е преведена во „desiderium“, термин составен со предлог „de-“ (кој има негативно значење, обично укажува на недостаток) и терминот „sidus“ (што значи „ѕвезда“): „de- sidus’, буквално значи ‘недостиг на ѕвезди’ (така, лишување од нешто). Од овој термин доаѓа италијанскиот збор „desiderio“, францускиот „désir“, шпанскиот „deseo“ и англискиот „desire“.

Од друга страна, на германски „desiderium“ се преведува со „Wunsch“ (од кој директно доаѓа англискиот збор „wish“) и значи „завет“ на нешто (во спротивност со каприцот), така што доведува до поимот на вокација за нешто што треба да се следи, постигне.