Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Чекор 2

Претворете ја вашата желба за знаење во право да знаете

Разбери

Ако е споделена од други, желбата на поединецот да знае може да се следи како колективна потреба или аспирација. Тоа значи да се остави една поемотивна и инстинктивна перспектива да се развива во порационална и порефлексивна фаза, ориентирана да разбере како и што да прави според пристапот за решавање проблеми. За да го решите проблемот, прво треба да знаете за него: клучот на стратегијата за промена е знаењето и свесноста за различните аспекти на идентификуваното прашање, како што се поширокиот и локалниот контекст, релевантните засегнати страни и економските ресурси. Клучно е да се натераат младите да разберат дека имаат право да пристапат до ова знаење.

„Правото да знам“ во секој поглед е човеково право и како такво треба да биде загарантирано за секого. Покрај тоа, тоа е и практична алатка која овозможува да се добијат саканите информации за јавните и заедничките добра кои се предмет на желбите и страстите на младите.

Практикувањето на правото „да знам“ им овозможува на младите луѓе да почнат да размислуваат позитивно за нивното потенцијално влијание врз правењето промени.

Искуство

Учењето за нечие право да знае е процес кој дава моќ на младите луѓе, кои сфаќаат дека се носители на моќ која им овозможува пристап до информации од јавен интерес за нивните потреби и желби.

Затоа е по ефективно при претставување на темата пред група, да се зборува за значењето за ова право, а не за законите и нормите што го воведуваат ова право во нашите јурисдикции.

По разгледувањето на неговото значење, разбирањето како да се спроведе во пракса како алатка за транспарентност овозможува планирање и спроведување на стратегија за решавање проблеми способна да понуди одговор на идентификуваните потреби и аспирации. Предложената активност на така наречената „Прошетка за следење“ ни овозможува да го направиме токму тоа: да го истражиме контекстот, да идентификуваме урбани „полни и празни“ простори кои одговараат на потребите и аспирациите на учесниците и да најдеме информации (или информации што недостасуваат) корисни за акциска стратегија за позитивни промени.

Делувај