Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Чекор 4

Најдете ги податоците

Разбери

За ефикасно следење потребна е добра база на податоци. Започнете со податоците кои се веќе достапни, од институционални и граѓански извори, т.е. произведени податоци од страна на  јавните институции или администрации и податоци произведени од граѓански актери како невладини организации, новинари, истражувачи итн.

За време на акцијата за следење, вашата група ќе најде различни видови на податоци, кои што обезбедуваат различни информации: некои податоци се однесуваат на „кој“ учествува во процесот на донесување одлуки и кои се вклучени актери/засегнати страни. Други податоци може да се однесуваат на „што“; т.е. содржината на одлуките, нумеричките и описни информации за тоа што сакате да го анализирате. Исто така, постојат податоци кои можат да опишат, на пример, „како“ се решава проблемот и износот на пари што е доделен. Некои податоци може да содржат информации за времето поврзани со темата („кога“), додека други може да бидат поврзани со „зошто“; т.е., тие ги содржат сите информации врз основа на кои јавните носители на одлуки направиле одредени избори.

Запомнете, податоците треба да бидат отворени, слободно достапни и машински читливи. Понатаму, информациите треба да се објавуваат на начин што ќе го олесни нивното користење и вкрстување со други микроподатоци.

Искуство

Кога барате јавни податоци, првиот чекор е да се идентификува кои институции или јавна администрација се одговорни за објавување на податоците на темата за која сте заинтересовани. Податоците треба да се најдат на веб-страницата или порталите на институциите, или преку користење на функцијата „пребарување“. Исто така, можете да ги најдете телефонскиот број и адресата на е-пошта на одговорното лице за темата, во случај да сакате да контактирате со нив. Прочитајте ги внимателно податоците што ги наоѓате и обидете се да ги разберете. Ова можеби не е лесна задача, бидејќи податоците може да бидат многубројни, многу сложени, а понекогаш и лошо организирани. Поради оваа причина, експерти како здруженија, академици, новинари и аналитичари можат да ви помогнат да ги трансформирате собраните податоци во корисни информации. Исто така, помага ако ги систематизирате податоците со групата, можеби преку создавање на табела за да се олесни процесот на читање.

Може да барате и други граѓански иницијативи кои веќе произвеле граѓански податоци на оваа тема, пребарувајќи ги нивните веб-страници, портали за отворени податоци и друштвени мрежи барајќи повеќе податоци и вести. Покрај тоа, можете да контактирате со нив за да ги здружите силите во вашата акција за мониторинг.

За да разберете како да дојдете до податоци, во активностите ќе најдете и симулација за пребарување податоци што може да обезбеди доверба на младите во нивниот процес на собирање податоци.

Делувај