Игри за бегство (Escape Games)
Овде можете да најдете две игри за бегство. Тие вклучуваат најголем дел од содржината на проектот.
home / Игри за бегство
Преку гејмификацијата темите на MoMoEU стануваат лесно достапни мотивирајќи ги младите луѓе да се ангажираат преку игри.
Предлагаме игрите да се играат во рамките на поширок образовен пат, како и да се разговара со младите за резултатите и предизвиците со кои се соочуваат за време на играта.
За секоја игра има краток водич кој им помага на младинските работници да ја структурираат активноста времето за играње се проценува на околу 20-тина минути. . Игрите можат да се играат поединечно, или во мали групи, на лаптопи, таблети или мобилни телефони. Не е потребно регистрација на играчот.
Спортската дилема - Набљудувајте се себеси
Вашиот одбојкарски тим е на пат за финале, но низа предизвици стојат на патот и ќе мора да направите неколку тешки избори. Кои вредности ќе ги следите? И со кои последици?
Во оваа игра клучни прашања се прашањата за интегритетот, конфликтот на интереси и динамиката на моќ. Учесниците ќе се преиспитаат и ќе се соочат лице в лице со многу етички дилеми
Чувај го чист, Бронт! - Следење на општото добро
Реката во вашиот град Бронт е во многу лоша состојба. Рибите умираат, на површината има чудни пени и лоши мириси. Но, не било отсекогаш вака...Можете ли да дознаете што се случило и да ја спасите реката?
Во оваа игра, процесот на граѓанскиот мониторинг е симулиран од А до Ш. Учесниците ќе следат индиции за да соберат податоци, ќе ги комплетираат барањата за Слободен Пристап до Информации, ќе структурираат кампањи и ќе го активираат населението.