Разбери
Изберете го вашето прашање внимателно: овој чекор ја претвора групата од едноставна работна група во вистинска „заедница за следење“. Што значи тоа? Значењето на зборот „заедница“ може да се разбере со разгледување на латинските корени на овој збор, а коишто се однесуваат на колективната димензија во која секој поединец жртвува нешто лично за да постигне нешто што е заедничко. Значењето на мониторингот, пак, се однесува на „мониторската демократија“, како што ја теоретизира Џон Кин, кој објаснува дека општото добро може поефективно да се контролира и заштитува со широко распространета наместо централизирана контрола. Затоа, за ефективна акција за следење, треба да го изберете вистинското прашање, или подобро „доброто прашање“, за да ја изградите вашата акција и да го започнете вашиот колективен пат. Тогаш, од компилациската димензија преминувате во онаа што може да се нарече „политичка“, односно интервенција во сферата на јавниот процес на одлучување.
Искуство
Една важна мисла: за да ги пронајдете „добрите прашања за следење“ треба да земете во предвид дека тие припаѓаат на граѓанска и политичка сфера и сосема се разликуваат од индивидуалните и прашањата за саморефлексија, за кои веруваме дека се применува принципот „нема погрешно“ прашање.
Затоа, кога зборуваме за „добри прашања за следење“ (наспроти „лоши прашања за следење“) се повикуваме на правилно и добро изградено граѓанско прашање. Истото има 8 критериуми кои треба да се земат предвид: 1) има само едно добро прашање; 2) треба да одговара на интересите и капацитетите на вашата заедница; 3) доброто прашање не е само за професионалци; 4) доброто прашање се однесува на контекстот во кој живее вашата група на млади луѓе; 5) обработува тесна тема; 6) подразбира постоење на одговор што може лесно да се следи; 7) бара вистински одговор; 8) доброто прашање поставува разумен рок за контакт.
За подобро да ги разберете 8-те критериуми, можете да се консултирате со извадок од „You Monitor Toolkit“.