Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Како реагирате на недостаток на транспарентност, неправда или „заматени“ ситуации?

Има ситуации каде што сме особено повикани добро да ја искористиме доверената моќ.

Ако секој од нас е одговорен за општото добро, наша должност е да се обидеме да го заштитиме колку што е можно повеќе. Свиркачите го прават токму тоа: тие се оние вработени кои, во контекст на нивните работни места, се сведоци на можни неправилности и одлучуваат да проговорат за тоа. Всушност, сивата динамика не е нужно симптом на вистинско кривично дело, но сепак претставува јасрн знак дека нешто не е во ред и може да доведе до колективна штета.

Свиркачите не се херои ниту имаат супермоќи: тие се обични, но храбри луѓе кои решиле да ја искористат својата доверена моќ за колективни интереси..
Reporting these situations, indeed, means safeguarding the common good, since it prevents crimes, injustice and misuse of public money.
This choice is not always easy because their jobs and personal security often are at stake.

Сепак, да се биде сведок на недостиг на транспарентност или недолично однесување, но да не се реагира, не е неутрален чин: напротив, тоа им користи на оние кои дејствуваат против колективниот интерес, бидејќи дава еден вид „тивка поддршка“.

Свиркачите не треба да се оставаат сами. Можеби ќе им треба поддршка во нивното известување, справување со анксиозноста и стравот, добивање правен совет, спречување на ризикот од последователен мобинг или други форми на одмазда.

Затоа во целиот свет, постојат независни и граѓански мрежи и портали посветени на обезбедување информации и совети на луѓето во вакви ситуации.

Разбери

Поле за дефиниција

Свиркачи се оние работници кои, во контекст на нивната работа, сведочат за евентуален престап и одлучуваат да им кажат за истото на своите претпоставени или на надзорните органи. Свиркачот открива информации за корупција или други неправилности што се случиле во организацијата, на самата организација, на релевантните органи или на јавноста. Свиркањето е еден од најефикасните начини за откривање и спречување на корупција и други малверзации.

Прашања за рефлексија

Примери

Ана Марија Гаридо Рамос е шпанска активистка, функционер на градскиот совет на Боадила дел Монте во заедницата Мадрид. Таа стана свиркач и клучен сведок на Антикорупциското обвинителство во случајот Гуртел, политички корупциски скандал за нелегалното финансирање на Народната партија на Шпанија. Дознајте повеќе за случајот на Ана Гаридо Рамос, свиркач за корупција во случајот Гуртел во Шпанија овде

Што мислите за нејзиниот случај?

Во текот на 2021-ва година,Френсис Хауген, поранешна вработена на Фејсбук, пред Сенатот на Соединетите Американски Држави ги обелодени лошите практики со кои компанијата што управува со наведената платформа „постојано ги доведува во заблуда корисниците“ за штетните ефекти на платформите. По изјавите на ИКТ експерт-от, и демократите и републиканците во Горниот дом повикаа на истрага од регулаторните тела на земјата на компанијата на Марк Цукерберг (Arciniegas, 2021). Понатаму, обелоденувањата на Хауген предизвикаа широки дискусии за регулацијата и одговорноста на друштвените мрежи. Пребарајте на интернет за да дознаете повеќе за нејзината приказна. Што мислите за оваа ситуација?

Делувај

Истражете и изберете од низа активности за работилници, користејќи го нашиот систем за филтри.

Повеќе

> 11 филмови за свиркањето

„Транспаренси интернешнал“ ги избра 11-те најдобри филмови за „свиркање“. Видете ја листата овде

Сведоштва од свиркачи

Ако сакате дополнително да ја истражите оваа тема, можете да најдете сведоштва на свиркачи и нивните лични приказни овде.