Momo — More Monitoring Action in the EU
Search
Close this search box.

Чекор 3

Одлучете што да следите

Разбери

Откако ги истраживме колективните желби и потреби, време е да се идентификува проблем и да се започне со собирање „добри прашања“, што значи да се соберат сите сомнежи, љубопитности и несигурности зво врска со истиот. Луѓето во вашата група може да бидат заинтересирани да знаат нешто повеќе за тоа кој е одговорен за проблемот, кој е одговорен за одлуките за прашањето, како е развиен процесот на донесување одлуки, зошто е ова резултатот, какви трошоци се вклучени, и што можат да направат за да ја подобрат ситуацијата.

Добрите прашања треба да бидат водени од волјата да се знае и да се внимава што се случува за да се спречи и избегне, или евентуално да се открие злоупотребата на делегираната моќ (види повик за размислување 4).

Искуство

За да ги водите младите, не треба да бидете експерт на темата. Напротив, треба да ја следите желбата на групата да научи нешто повеќе и да се обидете да ги обедините нивните напори со другите луѓе засегнати за истото прашање. Со нивна помош, вашата група веројатно ќе може да постави партиципативна анализа на контекстот и да ангажира други луѓе во собирање на прелиминарно знаење за темата. Ова е неопходно за да се разбере дали  некои корисни или неопходни информации сè уште недостасуваат.

Да се одлучи што да се следи значи да се стесни што е можно повеќе опфатот на темата. Ако темата на интерес на младите е животната средина, треба да навлезете во спецификите на она што сакате да го следите: еколошките политики на општината? Квалитетот на воздухот што го дишеме? Управување со отпад и рециклирање?

Делувај